246
Франција во полуфиналето го заврши настапот на Европското првенство откако синоќа со 2-1 загуби од Шпанија, Килијан Мбапе како капитен не успеа да ја одведе својата селекција до големиот пехар.
Мбапе не беше на своето ниво на Европското првенство, не успеа да даде гол од игра. По вчерашниот меч тој призна дека не е задоволен од својот настап.
„Фудбалот не треба да биде многу комплициран. Или си добар или не си добар. Јас не бев добар и ние си одиме дома, едноставно е. Мојот настап на Европското беше неуспешен“, вели Мбапе.
„Сакав да бидам европски шампион… сега ќе одам на одмор, ќе се одморам добро, тоа ќе ми дојде добро, а потоа ќе бидат подготвен за почеток за ново поглавје во кариерата. Имам многу за правење“.