Фудбалската репрезентација на Франциај со минимална победа од 1:0 го започна настапот на Европското првенство. „Триколорите“ не воодушевија со својата игра и славеа благодарение на автоголот кој си го постигнаа Австријците во првото полувреме.
„Пораз кој боли“, е еден од насловите на реномираниот „Л’Eкип“, а посебни критики добива Килијан Мбапе кој со еден потег го навлече на себе гневот на фановите.
Мбапе во натпреварот против Австрија го добие еден од најчудните жолти картони во кариерата и тој беше последица на некоректен потег кој не е во рамките на фер-плејот.
Се играа последните моменти од натпреварот кога Мбапе доби скршеница на носот и некое време му се укажуваше помош на теренот. Кога Австрија тргна во напад, Мбапе одлучи да се врати на терен и да седне повторно.
Судијата Хесус Хил Манзано беше принуден да ја запре играта, а на Мбапе му покажа жолт картон пред во игра да влезе Жиру.