99
Реал Мадрид ја запиша седмата сезонска победа во Ла Лига, на гостувањето кај Селта Виго со 1-2 во 10 коло.
Килиан Мбапе се истакна во првото полувреме на „Естадио де Балаидос“, бидејќи даде убав гол во 20. минута од натпреварот. Французинот упати добар удар, неодбранлив за голманот на Селта за „кралска“ предност.
На следен гол се чекаше до второто полувреме, а тогаш домаќините успеаја да израмнат преку Сведберг (1-1) во 52. минута. Двата тима имаа по еден неважечки гол.
Човек на одлука за Реал беше бразилската ѕвезда Винициус Жуниор, кој во 66. минута доби топка од Модриќ и погоди за конечните 1-2.
По осум кола Реал Мадрид има 24 бода на втората позиција, додека Селта со 13 е десетта.