11
Реал Мадрид славеше во последниот меч од Ла Лига, против екипата на Леганес на гостински терен со убедливи 0-3.
Еден од стрелците на натпреварот беше Килиан Мбапе. Новата ѕвезда на „кралевите“ често е мета на критики од навивачите, а се шпекулираше и дека неговото доаѓање направи раздор во тимот особено со другите ѕвезди како Винициус.
Сепак, Мбапе нагласува дека односот меѓу нив двајца е перфектен.
„Имам одличен однос со Винициус Жуниор. Најдобрите фудбалери на светот се во Реал Мадрид. Навистина сум изненаден, не знаев каков е квалитетот на играчите од Кастиља тимот“, изјави Мбапе.
Од доаѓањето во Мадрид, Мбапе на 17 настапи во сите конкуренции постигна девет погодоци и подели две асистенции до соиграчите.