Мбапе започнал нова битка со ПСЖ – вредна 100 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Килијан Мбапе беше промовиран во Реал Мадрид, а сега тој и неговиот тим започнаа нова битка со ПСЖ вредна 100 милиони евра.

Имено, мајката на фудбалерот Фајза Ламари која е и негов агент се закани дека ќе поднесе тужба против ПСЖ ако на нејзиниот син не му биде исплатен бонусот од 100 милиони евра.

Според информациите, францускиот шампион од април оваа година не му ја исплаќал платата како казна затоа што одлучил да се пресели во Реал Мадрид.

„Во случај да немаме друг избор ќе отвориме судска постапка. Се надевам дека договорот кој го потпишавме пред две години ќе биде испочитуван“, изјави Ламари.

Од ПСЖ сметаат дека Мбапе не го заслужува тој бонус затоа што не го продолжил договорот и не осигурал оштета од неговиот трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани