Мбапе: Ако еден ден играм во Италија, тоа ќе биде за Милан!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе не ја отфрла можноста во иднина да заигра во Серија А, а ако тоа се случи вели дека ќе биде за Милан.

Мбапе вели дека тој и неговото цело семејство се фанови на Милан, па во Италија тоа би била неговата дестинација.

„Дали ќе играм во Италија? Никогаш не се знае што може да се случи“, вели Мбапе за Скај.

„Отсекогаш сум велел, ако еден ден одам во Италија, ќе одам во Милан“.

„Како дете бев голем фан на Милан и секогаш гледав Серија А, секој натпревар на Милан“.

„Сите во моето семејство се фанови на Милан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани