Адриен Рабио е слободен играч откако му истече договорот со Јувентус, но францускиот фудбалер досега не успеа да се договори со ниту еден клуб.
Баерн Минхен, Интер и Атлетико Мадрид се дел од гигантите кои стапиле во контакт со таборот на Рабио, но никој не успеал да се договори.
Агент на Рабио е неговата мајка, Вероник кој си го цени синот повеќе отколку што му е вредноста, па има проблем да го продаде.
Рабио бара нето годишна плата од 7,5 милиони евра. Мајка му бара провизија за неа, плус бонус за потпис за нејзиниот син.
Вкупната сума која ја бараат е околу 19 милиони евра.
Досега нема клуб кој е подготвен да ги прифати барањата на мајката на Рабио, па се чини дека ќе мора да ја спушти цената ако сака нејзиниот син да игра фудбал оваа сезона.