Родителите на Килијан Мбапе беа дел од презентацијата на нивниот син на Сантијаго Бернабеу, па ја видоа разликата меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.
Мајката на Мбапе, Фајза Ламари за „Ле Паризиен“ опиша како ја почувствувала разликата меѓу претходниот и идниот клуб на нејзиниот син.
„Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Во вторникот ја почувствував разликата, пример меѓу нив и ПСЖ. На Паркот на Принцовите е неверојатно, но кога ќе пристигнете во Реал Мадрид, навистина ја чувствувате тежината на институцијата“, вели мајката на Мбапе.
Фејза Ламари рече и дека ќе го тужат ПСЖ доколку не му биде исплатено на Мбапе она што му го должат.
„Ако немаме избор, да, ќе одиме на суд, се разбира. Јас навистина се надевам дека ќе биде испочитувано тоа што беше потпишано пред две години“.