Славниот германски поранешен фудбалер Лотар Матеус сега работи како стручен консултант на фудбалските емисии во својата земја. Поради своите понекогаш контроверзни и остри ставови и изјави, Матеус често се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста.
Овојпат Матеус реши да ги прокоментира фаворитите во пресрет на Европското првенство.
„Германија има голема шанса да стане првак на Европа. Имаме добар тим и задоволен сум со именувањето на Јулијан Нагелсман за селектор. Со квалитетот кој го поседуваат играчите, важни се кохезијата и складот на енергиите за позитивна атмосфера. Тоа е неверојатно важно на еден таков турнир. За мене главни фаворити се Франција, Англија, Германија… Веднаш зад нив се Хрватска, Белгија, Шпанија и бранителот на тронот Португалија“, изјави Матеус.
Во клупскиот фудбал полека се спушта завесата, остануваат уште финалињата во Лигата на шампионите и Конференциската лига, додека најсилните првенства веќе завршија. Сега следи насочување кон Европското првенство на сите репрезентации, но и јавноста.