Матераци: Кога ќе видам дека Модриќ и Ковачиќ се толку очајни…

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватска и Италија ќе го одиграат клучниот натпревар на Европското првенство, бидејќи во третото коло во директна битка одлучуваат за место во нокаут фазата.

Во пресрет на натпреварот своја анализа даде легендарниот стопер Марко Матераци. Тој нагласи дека Италијанците се опасни ако минат во нокаут фазата, се осврна и на Модриќ и Ковачиќ…

„Италија се мачи да се квалификува на големите турнири, а потоа и во групите, но ако мине… Ако во групата го добиеш првиот натпревар, секако не знаеш што ќе се случува. Сега е важно да се пронајде хемијата во тимот. Почнуваат калкулациите, во главата ти доаѓаат милиони сомнежи. Што побргу тргне натпреварот со Хрватите, тоа е подобро.

Хрватска е незгоден ривал, има квалитет, но освен Лука Модриќ никогаш не знаеш кој друг ќе игра. Кога ќе видам дека играчи како Модриќ и Ковачиќ се така очајни, помислувам на една работа: знаат дека ќе биде тешко против Италија, може да се случи сè“, изјави Матераци.

Средбата на Италија и Хрватска на „Ред Бул Арената“ се игра во понеделник од 21:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани