124
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, бил претепан од страна на непознати сторители во Скопје.
Сејдини заедно со уште еден придружник биле во скопскиот ресторан „Балканика“, а по напуштањето на состанокот биле нападнати од маскирани лица. Напаѓачите ги истепале првиот човек на мак-фудбалот и неговиот придружник.
Засега не е познато како и дали е повреден Муамед Сејдини. Билтените на МВР се очекуваат во текот на утрешниот ден, по што ќе има и повеќе информации околу нападот во Скопје.