112
Аргентинскиот фудбалски сојуз соопшти дека од КОНМЕБОЛ добил допис за суспензија на два натпревари за голманот Емилијано Мартинез.
Контроверзниот чувар на мрежата на Астон Вила одново имаше еден од своите испади. По поразот на Аргентинците од Колумбија, Мартинез при заминувањето ја удри камерата која го снимаше среде терен.
Иако не е образложено зошто, јасно е дека суспензијата е поради таквото однесување на голманот.
Инаку ова не е првпат Емилијано Мартинез да прави глупости. Тој имаше непримерни гестови по освојувањето на Светското првенство во Катар, а слично направи и летово со трофејот на Копа Америка.