128
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед кој во овој момент е без клуб, Ентони Марсијал добил неочекувана понуда.
Имено, грчките медиуми пренесуваат дека за 28-годишниот напаѓач интерес покажал тимот на АЕК Атина.
Интересот од АЕК за играч како Марсијал секако е изненадување, но се наведува дека во грчкиот клуб се подготвени да му го дадат најбогатиот договор во клупскатаи сотрија.
Бројки од договорот засега не се откриваат.