Легендата на Реал Мадрид и Бразил, Марсело ескпресно доби исписница од Флуминенсе откако утринава на натпреварот против Гремио влезе во кавга со тренерот и направи скандал.
Марсело имаше лош крај на авантурата во Флуминенсе, клубот во кој ја започна кариерата, и каде требаше да замине во пензија.
Утрово, на натпреварот против Гремио, левиот бек требаше да влезе во игра во 45-та минута од второто полувреме, тренерот дојде да го охрабри, но Марсело му дофрли нешто, па почна кавга, по која фудбалерот наместо да истрча на теренот, се врати на клупата за резерви.
Já à beira do campo, Mano desiste de lançar Marcelo em Fluminense x Grêmio. pic.twitter.com/a6pSTRQWAG
— ge (@geglobo) November 2, 2024
„Сакав да го пуштам Марсело во игра, но не ми се допадна една работа па се предомислив и шанса му дадов на Џон Кенеди“ – рече тренерот Мано Менезеш.
По овој скандал, раководството на Флуминенсе свика итен состанок на кој било одлучено да се раскине договорот на Марсело и фудбалерот да добие исписница.