Мароко со 6-0 преку Египет до победа во „малото финале“ на ОИ

by 24 фудбал
1 минути читање

Мароканците на убедлив и доминантен начин дојдоа до бронзениот медал на Олимписките игри. Во африканското „мало финале“ против Египет тие славеа со високи 0-6.

Навивачите во Нант уживаа во фудбалската претстава на играчите на теренот. Вистинско гол-шоу направија асовите на Мароко.

Во првото полувреме стрелци на голови беа Езалзули и Рахими во 23 и 26 минута. На стартот на вториот дел погоди Ел Ханус. Шоуто продолжи со головите на Рахими и Накач, додека конечниот резултат го постави капитенот Хакими во финишот на средбата со гол за 0-6.

Франција и Шпанија во петок ќе играат за златниот медал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани