233
Maрио Младеновски кој неодамна го напушти чаирски Шкупи кариерата ја продолжува во редовите на Вараждин од Хрватска.
Поранешниот младински репрезентативец ја прифати понудата од хрватскиот прволигаш и потпиша договор на две години.
23-годишниот Младеновски во минатото беше дел од Металург, Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Додека во интернационалната кариера настапуваше за Фермад од Данска и бугарскиот Бате Пловдив.