216
Македонскиот офанзивен фудбалер кој беше капитен на нашата репрезентација до 21 година, Марио Илиевски од унгарскиот клуб Кишварда се пресели во ЦСКА 1948 од Софија.
22-годишниот македонски фудбалер се враќа во Софија, од 2019 до 2022 беше член на Септември, а сега ќе игра за ЦСКА 1948.
Марио Илиевски денеска беше претставен како ново засилување на бугарскиот тим.
Тој за младинската репрезентација на Македонија има одиграно 30 натпревари и постигнато шест голови.