Мареска во Челси на располагање добива 200 милиони фунти, познати и дел од желбите

by Стефан
2 минути читање

Eкипата на Челси веројатно го реши тренерското прашање по заминувањето на Маурисио Покетино и се очекува наредната сезона да ги предводи Енцо Мареска од Лестер. Во наредниот период акцент треба да биде ставен на играчкиот кадар.

Од моментот кога Американецот, Тод Боели го презема клубот од Роман Абрамович во неколку години „сините“ потрошија над една милијарда на засилувања. Англиските медиуми сега пренесуваат дека Челси е спремен да потроши околу 200 милиони фунти на нови фудбалери, Мареска според информациите акцентирал четири позиции и тоа: Голман, централен дефанзивец, лев бек и класичен напаѓач.

Најавите се дека најскап ќе биде напаѓачот, желба е Виктор Осимен и за него би требало да се активира клазулата од договорот кој изнесува 120 милиони фунти. За голманската позиција се преговара со Барнли за Џејмс Трафорд, поранешен младински голман на Англија. Овој клбу треба да плати 18 милиони фунти за да го откупи Трафорд од Манчестер Сити.

Со заминувањето на Тијаго Силва се остави дупка во срцето на одбраната и тука мета е Тосин Адарабијо од редовите на Фулам кој би можел да пристигне како слободењн играч бидејќи му истекува договорот. Тоа што пристигнува како слободен играч, остава простор Челси да доведе уште еден пореномиран дефанзивец.

Кога во прашање е позицијата лев бек засега не се откриваат имиња. Но, за да се доведат засилувања потребно е и некој да замине. Челси би можел да се откаже од услугите на Конор Галагаер кој влегува во последната година од договорот, меѓутоа во Лондон не сакаат да го продадат за сума под 50 милиони фунти. Исто така одредена сума ќе добијат за Јан Матсен кој во овој момент е позајемн во Борусија Дортмунд, тука се уште Шалоба и напаѓачот Броја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани