Англискиот гигант Манчестер Јунајтед планира да отпушти 250 свои вработени во склоп на долгорочната програма за намалување на трошоците.
Без работа би требало да останат вработени во сите оддели како и на сите нивоа на клубот освен во хуманитарното здружение „Фондација Манчестер Јунајтед“. Ваквиот потег би значел намалување на бројот на вработени за 22%.
Во изминатата сезона Манчестер Јунајтед го освои осмото место во домашното првенство и тоа е најслаб пласман на 20-кратниот англиски шампион од формирањето на Премиер лигата на почетокот на 1990-ти.
Исто така, ваквото намалување на трошоците доаѓа откако британскиот милијардер Џим Ретклиф откупи 25% од акциите на клубот. Според информациите од април минатата Јунајтед имал 1112 вработени.