Манчестер Јунајтед сака да го доведе фудбалерот кој ПСЖ го плати 60 милиони евра

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед се подготвува за трансфер пазарот, а една од позициите на кои им е потребно засилување е на средината од теренот.

„Црвените ѓаволи“ бараат дефанзивен играч за врска, а според Фабрицио Романо пикот падна на Мануел Угарте. Овој 23-годишен фудбалер минатото лето пристигна во ПСЖ за 60 милиони евра. Уругваецот не беше стандарден во Париз, но сепак собра 37 настапи за клубот и запиша три асистенции.

Нема да биде лесно Манчестер Јунајтед да го убеди ПСЖ на продажба, меѓутоа со вистинска понуда постои шанса парижани да го пуштат Угарте да замине.

Претходно Мануел Угарте играше за Спортинг и Фамаликао, а потекнува од Феникс во родниот Уругвај. Во моментов тој е со репрезентацијата на Копа Америка и запиша два настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани