Манчестер Јунајтед сериозно размислува и работи на идејата да изгради нов, современ стадион.
Според англиските медиуми, новата сопственичка структура на Јунајтед почна со работа на проект за нова модерна арена која ќе биде дом на сениорскиот машки тим. Стариот „Олд Трафорд“ нема да се руши, туку ќе се реконструира. Ќе се намали капацитетот од 75.000 на само 30.000, а ќе се користи за натпреварите на женскиот тим и младинските екипи.
Во моментов Јунајтед чека одговори од инвеститорите и локалните власти, се очекува до крајот на оваа година да бидат преземени првите чекори кон започнувањето со бирократските работи. Челниците на клубот не сакаат сами да ја платат изградбата, па побараа помош од локалната власт и владата на Обединетото Кралство.
Доколку сè оди според планот, новиот стадион на Манчестер Јунајтед би требало да биде готов до 2030 година.