Манчестер Јунајтед највреден клуб во светот, Сити не е ниту во топ 5

by Стефан
1 минути читање

Специјализираниот сајт за бизнис во спортот, Спортико објави листа на највредните фудбалски клубови светот, а таму можеби по малку изненадувачки е Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед не бележи резултати како што навивачите очекуваат, но клубот има вредност од 6.2 милијарди долари што го сместува на врвот на оваа листа.

На листата зад „Црвените ѓаволи“ е Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари. Ливерпул е четврти со 5.110.000.000, додека Баерн кој вчера беше елиминиран од Реал Мадрид во полуфиналето е последен во топ 5 со вредност од 4.880.000.000.

Можеби најголемо изненадување е што Манчестер Сити е дури на шестата позиција со вредност од 4.750.000.000. Исто така е интересно што на листата во топ 20 има дури пет клубови од МЛС лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани