Манчестер Јунајтед и ПСЖ подготвуваат голема трампа

by Стефан
1 минути читање

MaнчестерЈунајтед и Пари Сен Жермен би можеле да реализираат интересна трампа.

Како што пренесуваат бројни извори, ПСЖ и Јунајтед би можеле да ги разменат Џејдон Санчо и Мануел Угарте.

Сепак, не е исклучена можноста Санчо да оди прво на позајмица во ПСЖ со обврска за откуп наредното лето за 60 милиони евра.

Истата сума ПСЖ се очекува да ја добие од Јунајтед ова лето за Угарте бидејќи Парижаните исто толку платија пред само една година на Спортинг.

Иако Санчо се смири и ги „закопа секирите“ со Ерик Тен Хаг повеќе го привлекува идејата да игра за ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани