Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови со Мануел Угарте, но Уругваецот се уште не е блиску до „Олд Трафорд“ бидејќи ПСЖ и понатаму бара оштета од околу 60 милиони евра за играчот за врска кој минатото лето пристигна од Спортинг.
Угарте не се снајде во ПСЖ и не доби голема минутажа, а во Јунајтед сакаат тој да биде третото засилување по Џошуа Зиркзе и Лени Јоро од Лил. Но, тука се и финансиите, Касемиро беше опција да се наполни касата, но никој од саудиските клубови кои се зинтересирани не сакаат да платат 40 милиони евра оштета.
Веќе заминаа Алваро Фернандез, Дони Ван Де Бек и Вил Кампбвала, но тие продажби донесоа само околу 20 милиони евра. Трансферот на Гринвуд досега е најскап, меѓутоа тоа не е доволно.
Тука има уште неколку фудбалери кои би можеле да бидат „жртви“, Мектоминеј е баран, меѓутоа Јунајтед би морал да ги намали барањата. Неговото место во тимот би можел да го преземе Рабио кој е слободен и има многу понуди.
Клубот сака да го продаде и Линделоф, можеби на Мурињо во Фенербахче, така би се отворил простор за Де Лихт. Но, тука стигна Јоро, па приоритет е ослободување од Касемиро и ангажман на дефанзивен играч за врска.