Манчестер Јунајтед го „украде“ момчето кое даде десет гола на натпревар од Арсенал

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед не размислува само на првиот тим на Ерик Тен Хаг и сегашноста.

За тоа најдобро зборуваат последните информации од островот, кои велат дека „црвените ѓаволи“ го украдоа големиот талент на Арсенал, Чидози Оби Мартин. Ова младо момче блеска во младинските категории на „топџиите“, а во Англија го сметаат дури и за чудо од дете.

Неговото најголемо дело досега беше кога на еден натпревар за младиот тим на Арсенал постигна 10 погодоци.

Ова лето требаше Оби Мартин да добие прв професионален договор од Арсенал, но одлучи да замине. На „Олд Трафорд“ младото момче верува дека може повеќе да напредува и дури да се пробие во првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани