Голманот на Манчестер Јунајтед Том Хитон (38) доби нов договор од англискиот гигант на уште една година.
Хитон во Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година, а претходно во кариерата ги водеше: Кардиф, Бристол, Астон Вила, Векомб, Свиндон и Рочдејл. Најмногу се задржа во Барнли за кој стигна до бројката од точно 200 настапи.
„Пресреќен сум што останувам во клубот од детството. Се чувствувам дека сум во добра форма и спремен да понудам се што треба да за тимот во следната сезона. Освен на теренот многу учам и надвор од него. Сакам да помогнам да оствариме што е можно подобри резултати“, изјави Хитон.
Интересно е што третиот голман на Манчестер Јунајтед е и дел од англиската репрезентација каде што помага Пикфорд, Рамсдајл и Хендерсон да бидат подобро спремни за натпреварите, односно има еден вид улога на трет голман.