Манчестер јунајтед го избрал Герет Саутгејт за наследник на Ерик тен Хаг, ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф и неговите соработници сметаат дека селекторот на Англија е идеалниот човек за новиот проект.
„Ѓаволите“ синоќа беа понижени со 4-0 на гостувањето кај Кристал Палас, срушија неколку негативни рекорди, па се почесто се пишува дека Ерик тен Хаг нема да ја преживее сезоната и ќе добие отказ.
Изминатиов период, често имаше гласини дека Томас Тухел би можел да седне на тренерското столче на Олд Трафорд, но последните информации велат дека Манчестер јунајтед го избрал Герет Саутгејт за наследник на Холанѓанецот.
Ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф и неговите соработници имаат високо мислење за селекторот на Англија, сметаат дека тој е идеалниот човек за новиот проект и тренерот кој ќе го врати клубот на победнички патеки.
Во моментов нема договор помеѓу двете страни, но дискусиите се позитивни и „ѓаволите“ се надеваат дека ќе падне дил во следните недели.