140
Дел од англиските медиуми пишуваат дека деновите на Ерик тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед се избројани и само прашање на време е кога ќе добие отказ.
Се очекуваше дека Манчестер јунајтед ќе се раздели со Холанѓанецот уште по крајот на минатата сезона, но клубот реши да му даде уште една шанса.
Работите не се променија, Јунајтед е на исто ниво како и претходно, полн со разочарувачки настапи и резултати за своите фанови.
Од клубот веќе ја почнале потрагата по негов наследник и наскоро би требало да му врачат отказ. Ова го тврдат англиските медиуми.