Кол Палмер игра неверојатен фудбал по трансферот во Челси минатиот септември за 47 милиони евра.
Од доаѓањето на „Стемфорд Бриџ“ репрезентативецот на Англија одигра вкупно 54 натпревари, постигна 31 погодок и подели 20 асистенции до соиграчите. Нема сомнеж дека тој е најдобар поединец во тимот на Енцо Мареска, а тоа пробуди голем интерес за него.
Најинтересно е дека Манчестер Сити е подготвен да тропне на вратата на „сините“ и да се обиде да го врати Палмер во своите редови. Наводно, Сити е подготвен да плати 150 милиони евра, а во Палмер ја гледа замената за Кевин де Брујне кој влегува во завршната фаза од својата кариера.
Палмер е дете на Манчестер Сити, но во првиот тим одигра само 41 натпревар, даде шест гола и подели две асистенции главно како резервист.