Манчестер сити реди порази како никогаш претходно под водство на Пеп Гвардиола и денеска против Тотнем „граѓаните“ го забележаа и петиот пораз во низа во сите натпреварувања.
Имаше и Манчестер сити свои прилики во денешниот дуел, но изостана реализацијата. Тотнем од друга страна знаеш да ги искорити своите шанси и на крајот да слави убедлив триумф.
Катастрофата за Манчестер сити започна по 13 минути игра кога Медисон го отвори резултатот. Седум минути подоцна истиот фудбалер зголеми и на 0:2. На пауза гостите од Лондон заминаа со предност од 0:2.
Во второто полувреме избраниците на Постекоглу постигнаа уште два погодоци за конечни 0:4. Прво погоди Педро Поро, а во завршницата точка стави Џонсон.
Претходно во Премиер лигата, „граѓаните беа поразени од Бормут и Брајтон, додека во сите натпреварувања тука се поразите од Спортинг во Лигата на шампионите и повторно Тотнем, но во Лига Купот.
Тотнем се радуваше против Манчестер сити и во Лига купот, додека во Лигата на шампионите Спортинг ги декласираше со 4-1.