69
Од Манчестер Сити побарале да им го одложат стартот на следната сезона поради настапот на Светското клупско првенство, но одговорот бил негативен.
Ако Сити стигне до крајот на Светското клупско првенство ќе има многу краток одмор за наредната сезона и минимално време за подготовки.
Од таа причина од клубот побарале да им ги одложат првите два меча, но одговорот бил негативен.
Ова го потврди и Пеп Гвардиола кој додаде и иронија во изјавата.
„Премиерлигата не ни дозволи да ги одложиме првите два меча за сезоната 2025/26 за да можеме да се опоравиме. Им благодариме многу“, рече Пеп Гвардиола.