Голманот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Бразил, Едерсон (30) би можел во текот на летото да ги напушти редовите на англискиот шампион.
Едерсон во редовите на „граѓаните“ пристигна пред седум години од Бенфика во трансфер вреден 40 милиони евра. Со Манчестер Сити успеа да освои се што може да се освои, а пред два дена ја прослави и новата титула во Премиер лигата.
Сезонава Едерсон запиша 43 настапи во сите натпреварувања и прими 34 гола, додека на 16 натпревари остана несовладан.
Но, според информациите на дел од странските медиуми, Едерсон добил понуди од Саудиска Арабија и не се исклучува можноста да ги прифати.
Кога е Сити во прашање, Пеп го има искусниот Ортега кој се прослави со одбранетиот зицер на Сон и така го сочува триумфот против Тотенхем кој беше вреден титула. Сепак, многу веројатно дека ако Едерсон замине, Гвардиола нема да се потпира само на Ортега, туку ќе биде доведен друг голман.