Манчестер Сити во Лигата на шампионите вчера сруши рекорд на Јунајтед

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Сити вчера ја совлада Спарта Прага во Лигата на шампионите со убедливи 5:0, а со овој триумф „граѓаните“ соборија уште еден рекорд кој беше во сопственост на нивниот ривал, Манчестер Јунајтед.

Против Спарта Манчестер Сити го одигра 26 натпревар во низа на кој не се поразени. Серијата ја започнаа во септември 2022 година и таа се уште трае, а во меѓувреме „граѓаните“ стигнаа и до првата титула во европската елита.

Рекордер досега беше Манчестер Јунајтед кој од септември 2007 до мај 2009 година имаше низа од 25 натпревари без пораз.

Последен кој се радуваше против Манчестер Сити во ЛШ беше Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ на 4 мај 2022 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани