Мамардашвили прими три гола, Столе од клупа го гледаше новиот пораз на Валенсија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Валенсија нема добар почеток на сезоната во Ла Лига, па откако беа поразени од Барселона во претходното коло сега претрпеа пораз и Селта на гостински терен со 3:1.

Во натпревар во кој Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резерви, Грузиецот Мамардашвили прими три гола, иако ниту еден по негова вина.

Првите два гола ги прими во период од пет минути во 23. и 28. минута кога погодуваа Мингуеза и Аспас. Во завршницата од првиот дел грузискиот голман одбрани и пенал. Претходно Валенсија прва погоди преку Лопез во 14. минута.

Конечните 3:1 беа поставени на истекот на еден час кога Белтран со убав гол ја затресе мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани