Мамардашвили му одговори на Начо: Ви посакувам среќа!

by riste
1 минути читање

Најголемото изненадување на Европското првенство, селекцијата на Грузија утре во осминафиналето ќе се сретне со Шпанија која најмногу покажа во досегашниот дел од турнирот.

На денешната прес-конференција на Грузија се појави голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили, Грузиецот кој најдобро ги познава Шпанците.

Претходно Начо изјави дека во осминафиналето ќе сакаат да дадат колку што е можно повеќе голови. Па Мамардашвили беше прашан што мисли за таквата изјава на Шпанецот.

„Начо рекол дека ќе се обидат да ни дадат колку што е можно повеќе голови? Им посакувам среќа“, рече иронично Мамардашвили.

Тој рече дека секој ден вежбаат пенали, ги студираат изведувањата на Шпанците.

Мамардашвили упати и контра провокација велејќи дека Кварацхелија е подобар од сите шпански фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани