Малку фалеше да се случи сензација на Бернабеу, Реал сепак го победи Алавез (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Реал Мадрид со 3-2 го победи Алавез на домашен терен, кралскиот клуб имаше водство од 3-0, но во финишот прими два погодоци и создаде непосакувана драма.

По само неколку секунди од почетокот на мечот, Реал Мадрид поведе со 1-0 со гол на Лукас Васкез по додавање од Винисиус.

На пет минути до крајот на првото полувреме Мбапе по едно одлично еден-два додавање со Белингем реализираше за 2-0.

По три минути игра во вториот дел Родригез по еден соло продор меѓу нозе на гостинскиот голман погоди за 3-0.

Реал Мадрид доминираше на теренот и имаше огромна предност, па се чинеше дека мечот е готов.

Но, Бенавидез даде гол во 85. минута, а во следната погоди и Гарсија за 3-2 и драма на крајот.

Реал Мадрид сепак издржа до крајот и дојде до трите планирани бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани