87
Македонските фудбалери имаа свој ден во Суперлигта на Данска, во победата на Сондерјиске над шампионот Мидтјиланд од 3-2.
Лирим Ќамили имаше најзапазен настап за Сондерјиске, бидејќи тој беше стрелец на првите два гола на својот тим. Македонскиот репрезентативец погоди во 41 и 51 минута од средбата за двојна предност.
Потоа во текот на мечот Сефер Емини забележа асистенција при третиот гол на Линг кој ја потврди победата на Сондерјиске над првакот. Овој триумф од клупата го проследи Иван Николов.