Македонските фудбалери во Шкотска од денеска ги почнуваат официјалните натпревари

by riste
1 минути читање

Данди јунајтед, Мадервел и Абердин денеска имаат натпревари во Лига купот на Шкотска, а тоа значи и настапи на нашите интернационалци кои играат во оваа земја, Кристијан Трапановски, Давор Здравковски и Бојан Миовски.

Данди јунајтед и Мадервел своите натпревари ги играат од 16 часот, а Абердин од 18:15 часот.

Данди јунајтед му гостува на Фалкирк. Кристијан Трапановски е најавен во стартниот состав.

Во стартниот тим е и Давор Здравковски кој со Мадервел го пречекува Единбург Сити.

Абердин гостува кај Квин оф Саут, рано е за стартните состави на овој меч.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани