Македонските претставници во европските квалификации ги дознаа можните противници за второто коло од Конференциската лига.
Струга е единствениот македонски тим кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а со евентуална елиминација од Слован Братислава ќе продолжат во Конференциската лига.
Ако се случи тоа шампионот на Македонија во второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе игра против еден од овие клубови:
Лудогорец – Динамо Батуми
Флора Талин – Целје
Хамрун Спартанс – Линколн Ред Импс
Динамо Минск – Пјуник
Ордабаси – Петрокуб
Викингур Рејкјавик – Шамрок Роверс
Екипата на Шкендија во првото квалификациско коло ќе се соочи со ерменскиот Ноах, а доколку поминат во следната фаза ќе се сретнат со еден од :
Сиулијаи – Левадија Талин
Браво – Конна Кеј Номадс
ФК Академија Пушкаш (ХУН)
ФК ЦСКА 1948
Слиема Вондерерс
Потенцијалните противници ги дозна и освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Тиквеш:
Дрита
Торшван
Кернарфон Таун – Крусадерс
Илвес Тампере
Трансинвест
Натпреварите од првото квалификациско во КЛ се играат на 11. и 18. јуни.