Македонскиот клупски фудбал шести од долу според УЕФА коефициентот

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот клупски фудбал кубури, клубовите претставници во европските купови често рано го завршуваат летото на меѓународната сцена. Така беше и оваа сезона, во осум меча клубовите од Македонија имаа две победи и шест порази.

По еден триумф ова лето имаа Струга Трим Љум и Тиквеш, против екипите на Пјуник и Брејдаблик. Шампионот беше елиминиран од Слован Братислава во Лигата на шампионите со два неуспеси, а потоа во Конференциската лига запиша победа и пораз против Пјуник. Тиквеш имаше исто така половичен ефект, додека Шкендија единствена двапати загуби од ерменски Ноах.

Со настапите во квалификациите за европските купови (Лигата на шампионите и Конференциската лига), а според резултатите придонесоа со коефициент 0,666. Македонскиот клупски фудбал остана на 50. позиција на рангирањето, а зад себе има само пет национални првенства.

Велс, Андора, Белорусија, Гибралтар и Сан Марино се полошо рангирани од Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани