Македонија Ѓорче Петров со 3-0 славеше над Брегалница и повторно е на врвот на табелата, но со ист број на бодови како и Башкими кој со 4-1 го победи Осогово, штипјани паднаа на третата позиција.
Во најинтересниот меч од 11. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Македонија Ѓорче Петров ја искористи предноста на домашен терен и со убедливи 3-0 ја победи Брегалница.
По денешната победа Македонија ЃП со 26 бода е на врвот на табелата, но исто толку има и Башкими кој денеска ја оправда улогата на фаворит со Осогово и го совлада со 4-1.
Голеада имаше на мечот меѓу Победа и Вардарски кој го добија домаќините со 6-2, Арсими со 2-1 славеше на гостувањето кај Детонит.
Гостински победи обезбедија Вардар Неготино кој со 2-1 го совлада Борец и Саса која со 1-0 победи кај Новаци.
Нерешено заврши дуелот меѓу Охрид и Скопје 1-1, немаше голови на мечот меѓу Беласица и Кожуф.
Резултати 11. коло:
Македонија ЃП – Брегалница 3-0
Башкими – Осогово 4-1
Победа – Вардарски 6-2
Арсими – Детонит 2-1
Беласица – Кожуф 0-0
Борец – Вардар Неготино 1-2
Новаци – Саса 0-1
Охрид – Скопје 1-1
Табела: Македонија ЃП 26, Башкими 26, Брегалница 24, Арими 23, Охрид 20, Кожуф 17, Беласица 16, Детонит 15, Саса 15, Победа 13, Вардар Неготино 11, Новаци 11, Скопје 10, Осогово 5, Борец 5, Вардарски 2.