Македонија ЃП, Кожуф и Брегалница денеска имаат гостински предизвици

by riste
1 минути читање

Денеска второлигашите го играат четвртото коло кое беше одложено поради настапот на македонската аматерска фудбалска репрезентација.

Изминатиот викенд Македонија Ѓорче Петров и Брегалница кикснаа на домашен терен, па сега двете екипи кои целат кон експресно враќање меѓу најдобрите одат на поправен.

Македонија Ѓорче Петров му гостува на Новаци, додека Брегалница ќе игра кај Вардарски.

И Кожуф кој бодовно се изедначи со Македонија ЃП и Брегалница има гостинска задача, тие играат кај Скопје.

Победа го пречекува Арсими, Охрид гостува кај Вардар Неготино, Осогово во Кочани игра против Детонит, Саса е домаќин на Борец, а Башкими ќе се сретне со Беласица.

Сите натпревари се играат со почеток од 15 часот.

ВМФЛ 4. коло:
Новаци – Македонија ЃП
Вардарски – Брегалница
Скопје – Кожуф
Башкими – Беласица
Саса – Борец
Осогово – Детонит
Победа – Арсими
Вардар Неготино – Охрид

Табела: Македонија ЃП 10, Кожуф 10, Брегалница 10, Арсими 9, Башкими 9, Детонит 7, Новаци 6, Скопје 5, Победа 4, Вардар Неготино 4, Беласица 3, Борец 3, Саса 2, Осогово 2, Вардарски 2, Охрид 1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани