Селекцијата на Македонија до 17 годфини има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.
Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора,, каде што ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција.
„За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам се од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток.. Немавме многу врееме за подолги и посериозни припреми , но верувам во добри настапи.”, вели Ерхан Селими.
Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора со почеток во 18 и 45.