Македонија со два убави гола до победа во Ереван: Чудо треба да се случи да не сме први! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Maкедонската фудбалска репрезентација забележа уште една победа без примен гол на гостински терен и денеска во Ереван ја совладавме Ерменија со 0:2.

Мрежата на Ерменија се затресе уште во шестата минута кога во листата на стрелци се запиша Серафимов, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција по долго проверување во ВАР собата.

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

По тој гол Македонија продолжи да игра мирно без да напаѓа, додека Ерменија имаше нешто поголема иницијатива.
На стартотот од вториот дел Ерменците на двапати се заканија, но тоа беа и нивните најголеми прилики.

Натпреварот беше отворен на 20-тина минтуи пред крајот кога Бојан Миовски со еден маестрален гол го матираше голманот Огнен Чанчаревиќ. По тој наш гол Ерменија попушти во играта, па во 85. минута и Алими постигна убав гол за конечни 0:2.

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

Македонија сега на табелата има 10 бода, Ерменија остана со четири на втората позиција, Летонија има три и Фарски Острови два. Во ваква ситуација само чудо треба да се случи па по последните две кола да не бидеме победници во групата.

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани