Фудбалската репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за Мундијалот во 2026 година.
Европската куќа на фудбалот направи промени во квалификацискиот систем бидејќи Европа на следното Светско првенство има 16 претставници и поради тоа во квалификациите ќе има 12 групи.
Победниците ќе одат директно на Мундијалот, додека второпласираните ги чека плеј-оф со најдбро пласираните од Лигата на Нации и од тие репрезентации четири ќе одат во САД, Мексико и Канада.
На еден циклус пред крајот на Лигата на Нации 38 од 54 репрезентации знаат во кој шешир ќе играат, а меѓу нив е и Македонија. Покрај Македонија сигурни во третиот шешир се: Република Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Исланд, Северна Ирска и Црна Гора.