Македонија падна за две места на најновата ФИФА ранг листа

by riste
0 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација има пад од две позиции на последното рангирање на ФИФА, сега сме на 71. позиција.

Македонија во изминатиот период одигра два пријателски меча, ги загубивме и двата, дуелите со Хрватска и Чешка.

Тоа допринесе за благ пад на табелата, сега сме на 71. место.

На врвот е Аргентина, а во топ 10 се уште и селекциите на Франција, Белгија, Бразил, Англија, Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска и Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани