Македонија напредуваше на најновата ФИФА ранг листа

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија зад себе има одличен октомвриски циклус во кој запишавме две победи со Летонија и Ерменија и тоа без примен гол.

Овие две победи за Македонија донесоа напредок на ФИФА ранг листата. Нашата репрезентација забележа скок од три места и сега е на 69. место со 1.361 бод.

Македонија во ноември ја очекуваат последните две средби од првата фаза во Лигата на Нации против Летонија и Фарски Острови. Тие два натпревари ги играме на домашен терен и ќе бидат прилика со нови успеси да направиме и нов скок.

Аргентина и понатаму е лидер на листата, а потоа во топ 10 следуваат селекциите на: Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани