Македонија има нов предизвик – силната Чешка!

by riste
2 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе го почне пријателскиот натпревар против Чешка, пред избраниците на Благоја Милевски е нов предизвик со силна селекција која ќе игра на Европското првенство.

Македонија се прикажа во лошо издание против Хрватска, а сега има нов противник со сличен квалитет, селекцијата на Чешка.

Чесите не ги паметиме по добро, со нив последен пат игравме во далечната 2005 година и загубивме со високи 6-1. Вкупно сме играле трипати, имаме два порази и едно реми.

„Кога сте член на едно Европско, тоа е доволен догказ за квалитетот. Чешка покажа дека е и тоа како е квалитетна репрезентација составена од играчи кои настапуваат во Премиер лигата, во Бундеслигата во Серија А… Имаат и голем број домашни фудбалери, бидејќи имаат квалитетна лига која им е база на репрезентацијата. Тие се сосема поинаков ривал од Хрватска, меѓутоа со огромен квалитет. Неслучајно тие се на Европско првенство, а ние сме уверени дека како тим можеме да напредуваме од ваквите натпревари со поквалитетни ривали од нас, да ја видиме моменталната форма и да добиеме слика за нашите квалитети и домет во моментот“, рече Милевски на вчерашната прес-конференција.

Чешка пред мечот со Македонија одигра пријателски натпревар со Малта на кој славеше со 7-1. Чесите се во серија на победи и сакаат со таков тренед да влезат на Европското првенство.

Задачата на македонските фудбалери е да се покажат во подобро издание отколку на дуелот со Хрватска и да му покажат заби на квалитетниот противник.

Натпреварот се игра на „Малсовичка Арена“ во градот Храдец Кралове, со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани