Фудбалската репрезентација на Македонија одигра перфектен октомвриски циклус, забележа две гостински победи без да прими гол и со една рака го грабна првото место во групата 4 од Ц сегментот во Лигата на нациите.
Македонските фудбалери славеа во Летонија со 0-3, а вчера во Ереван со 0-2, селекции кои беа директни конкуренти во битката за првото место. Математички Македонија ја дели бод од сигурна заверка на врвот во групата. Дури и да не е така, Летонија мора во Скопје да слави со четири разлика, потоа да ја совлада и Ерменија, а нашите фудбалери да загубат дома и од Фарските Острови.
Специлизираниот профил на мрежата „Х“ за фудбалска аналитика според статистички параметри и симулации „Football Meets Data“, Македонија не може да го испушти водечкото место. Во 10.000 од 10.000 симулации според моменталната ситуација во групата нашата репрезентација завршува на првото место. Со тоа Македонија е единствена во Ц лигата која има 100% шанси за првото место во групата.
Исто така сигурно е дека Македонија ќе ги дочека ривалите во квалификациите за Светското првенство од третиот шешир.