Македонија влезе во ритам: Во Серија сме каква што сме немале никогаш досега!

by Стефан
1 минути читање

Maкедонската фудбаллска репрезентација вечерва ја победи Ерменија во Ереван со 0:2, а со овој натпревар успеавме да направиме низа каква што сме немале никогаш досега.

Имено, Македонија е во серија од три натпревари на кои славевме победи и на сите три не примивме гол.

Серијата започна против денешниот противник во Скопје со триумфот од 0:2, потоа ја совладавме Летонија во Рига со 3:0, за денес уште еднаш да ги победиме Ерменците со истиот резултат како на домашен терен.

Исто така со оваа победа веројатно и го обезбедивме првото место во групата и сега треба да се случи чудо за да не останеме тука по следните две кола.

Македонија до крајот на групната фаза ќе игра со Летонија и Фарски Острови на домашен терен, па така тоа е и добра прилика за продолжување на серијата без примен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани